Легендарниот холивудски актер Силвестер Сталоне, ѕвезда на филмовите “Rocky” и “Rambo”, веќе со децении наназад важи за вистинска икона, а пред неколку дена бил фотографиран по излегување од еден ресторан и сите започнале да ги коментираат неговите фотографии.
Имено, папараците го фотографирале популарниот Слај на Беверли Хилс, каде вечерал со својата сопруга, манекенката Џенифер Флавин и со своите три ќерки, а многумина останале изненадени од неговиот нов изглед.
Некои би рекле дека е послаб од некогаш, но Сталоне не ја тргнувал насмевката од лицето што значи дека причината за губење на килограмите сигурно не е негативна. Она што воодушевува кога е во прашање славниот актер е пристојното и приземното однесување и нормалниот став кон папараците и новинарите, и наспроти фактот што тој веќе со децении е дел од светскиот шоу бизнис.