Силвио Берлускони си фати нова девојка, овојпат манекенка која е 54 години помлада од него

820

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, познат по сексуалните испади на прочуените „бунга, бунга“ има нова девојка која е 54 години помлада од него. Станува збор за манекенката Марта Фачина која има 30 години и е пратеник од неговата партија.

Папараците неодамна обелоденија и фотографии на новата љубовна двојка како излегува од еден хотел во Швајцарија.

Инаку, милијардерот претходно беше во врска со Франческа Паскале со која помина заедно 12 години.

Франческа Паскале непосредно по разделбата изјави дека Берлускони секогаш ќе и биде драг пријател и дека му ја посакува „сета среќа на светот“.

 

Берлускони претходно беше осуден на седум години затвор поради проституција со малолетнички за време на организираните вечери. Казната во жалбената постапка му е укината.

Моментално против Берлускони се води постапка зошто го плаќал молчењето на девојките кои присуствувале на тие вечери кои често се претворале во оргии.