Симеоне и Клоп не се погледнаа и се избегнуваа цели две минути на теренот (Видео)

485

По тензичниот момент кој го имаа на „Ванда Метрополитано“, Јирген Клоп и Диего Симеоне не се поздравија ниту пред, ниту после натпреварот на „Енфилд Роуд“ кој се одигра вчеравечер во Ливерпул, но посебно во фокусот се најде едно видео кое го пренесе „Би-Ти Спорт“.

За разлика од претходниот пат кога Диего истрча во соблекувалната, овојпат Чоло остана на теренот и им даваше аплауз на своите фудбалери, но во текот на тие две минути, одржуваа сигурна дистанца со Клоп и ниту еднаш не се погледнаа.

Германецот го игнорираше колегата кој претходно порача дека не се поздравува по крајот на натпреварите, а на видеото се гледа дека Симеоне тргнува кон соблекувалната токму во моментот кога и Јирген се приближува до тунелот.

Сето ова беше јасен сигнал дека двајцата тренери оддржуваа пристојна оддалеченост вчеравечер на „Енфилд“, па со свој коментар на оваа тема се јави стручњакот кој беше домаќин на вториот меч.

– Нема никаков проблем околу тоа. Знам дека Диего не сака да се поздравува, исто така и јас не сум најголемиот поздравувач на планетата. Оваа ситуација не го менува моето мислење и мојот респект кон него, – изјавил Клоп на пресот.