Атлетико Мадрид и Ливерпул одиграа еден супер драматичен и тензичен меч во кој на крајот премиерлигашот беше подобар за еден гол, односно славеше на „Ванда Метрополитано“ со 3-2.
Секако ваквиот резултат и случувањата на мечот донесоа незадоволство кај домаќините, па по последниот судиски свиреж тренерот Диего Симеоне одби да се поздрави со Јирген Клоп или поточно веднаш го напушти теренот и се упати кон соблекувалните.
Ова не му се допадна на Германецот кој едноставно очекуваше спортски, достоинствено да се заврши оваа битка.
No handshake between Simeone and Klopp as the Reds edge Atletico in a five-goal thriller! 😮💨
FT: Atletico 2-3 Liverpool pic.twitter.com/V4yYMxCPfr
— Football on BT Sport (@btsportfootball) October 19, 2021