Заразените со коронавирусот може да имаат предвидлива низа на симптоми. Ова го покажува истражување.
Доказите сугерираат дека најверојатната секвенца на почетните симптоми на вирусот обично започнувала со треска, проследена со кашлица и болка во мускулите, проследена со гадење или повраќање и на крајот дијареја.
Користејќи ги податоците на Светската здравствена организација (СЗО) за повеќе од 55.000 потврдени случаи во Кина, авторите го споредиле редоследот на симптомите на коронавирусот со илјадници случаи на грип собрани од Универзитетот во Мичиген, за скоро 150 случаи на САРС во Торонто и мал број случаи на МЕРС во Кореја.
Грипот започнува со кашлица и треска, а МЕРС и САРС можат да започнат слично на Ковид-19, и кај нив долниот гастроинтестинален систем обично е првиот што е засегнат, што доведува до дијареја пред гадење и повраќање.