Син на пациент кој починал од коронавирус: Не може еден доктор на 30 пациенти, еден кислород на 3 кревети

531

Битолчанецот Александар  Најдовски на својот Фејсбук профил го искажа својот револт и незадоволство од политичките партии и медицинскиот прсонал, поради чие невнимание како што вели тој, починал неговиот татко, кој бил позитивен на Ковид 19.

„Денес таткоми го прости господ. 4 недели борба со пневмонија по компликации со короната.Не издржа, сам толку можеше …

Пошто не можи еден доктор на 30 пациенти

 Не можи две сестри на 30 пациенти

 Не можи една болничарка на 30 пациенти 

 Не можи никој да не му ја има измиено лајцата дури јас не му ја измив

 Не можи никој да не го подкрени за да јади, легнат несе јади, 

 “Јаде таткоми? Без лајца не се јади не ми дадоја …”

 Не можи комјутерскиот томограф да е расипан времиња, незнат ни шо му е ни па дијагноза да дадат

 Не можи да се превработат во Рек еден куп луѓе а на болница да нема доктори .Барем сите 30год доктори од партија да вработвавте поќе ќар ке имавме.Алоо нема доктори , еден кислород на три кревети!!! 

 Ама ете ви признаваме, со вас сите партии на купче дека сте амеби и Ви признаваме не ви го можиме .Ние шо сакаме нормално да живееме неможиме со вас да се бориме поќе .

 Мизерија сте, напиша Најдовски на Фејсбук.

 

Сѐ повеќе граѓани јавно се жалат на условите во здравствените установи и негрижата на медицинскиот перонал.

Министерот за здравство Венко Филипче во своето гостување во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија пак негираше дека имало случаи во кои пациентите не добивале потребна медицинска нега, но дека поради зафатеноста на екипите на Итната помош понекогаш се случува луѓето да почекаат за интервенција.

Тој додаде дека слободни места во болниците секогаш има.

– Апсолутно за секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација има слободно место. Но, точно е дека видовме одреден број на пациенти коишто доцна доаѓаат во болница. Имавме случаи во коишто имале јасни предупредувања и индикација од матичните лекари дека е потребна хоспитализација, едноставно не доаѓаат луѓето на прием во болница. Понатаму, луѓе коишто дури доцна доаѓаат и кај матичниот лекар. Луѓе со сатурација на кислород од 20-30, а нормално треба да е над 96-97 на првиот ден, вели Филипче, додавајќи дека се уште има луѓе кои не веруваат во постоењето на вирусот.