Синди Крафорд (53) “грми“ во бикини и без шминка, а само да видите каква убавица е нејзината ќерка

816

Синди е една од најпопуларните модели на сите времиња, а на нејзината ќерка веќе ѝ предвидуваат блескава кариера и велат дека по успехот може да ја надмине и нејзината мајка.

Еден од најпопуларните модели на сите времиња, Синди Крафорд (53) и нејзината ќерка Каја Гербер (17), папараците ги “уловиле“ додека уживаат на базен во Мајами.

Оваа 53-годишна убавица која важеше за вистинска секс бомба и најубава жена на светот и понатаму плени со својот изглед па дури и сега на овие фотографии на кои е во бикини и без грам шминка.

Нејзе друштво ѝ правеле сопругот и нејзината ќерка Каја, која привлекува со својот изглед, а речиси сите модни експерти ѝ предвидуваат прекрасна кариера.

Каја, која многу личи на својата популарна мајка и веќе предизвикува многу коментари, едни сметаат дека е премногу слаба, дури и анорексична, додека пак за други таа е поим за убавина.

Каја на својот мобилен телефон носи маска на која пишува „Социјалните мрежи сериозно го нарушуваат вашето ментално здравје“.