Синди Крафорд позирала полугола и докажала дека сѐ уште ѝ нема рамна

1295

Славниот модел Синди Крафорд неодамна го прославила 53-тиот роденден, а за списанието “Porter Edit” чија насловна ја краси токму таа, Крафорд позирала полугола и докажала дека сѐ уште изгледа феноменално.

На фотографиите ги покажала долгите, витки нозе и неверојатните стомачни мускули, а во интервјуто проговорила и за својата кариера.

“Мислите дека по 30 години издржливоста на телото ќе биде во опаѓање, но јас и понатаму постојано барам нови предизвици”, изјавила Крафорд која неодамна позирала гола пред фотографот Расел Џејмс за неговата нова книга “Angels”.

За фотографирањето не одбрала многу шминка или високи потпетици, туку се одлучила да прикаже каква е всушност во приватниот живот: прилично едноставна. Манекенката и претходно позирала гола – за списанието “Playboy” се соблекла во 1988 и 1998 година, а денес жали што тоа не го правела почесто.

“Ги гледам старите фотографии од “Playboy” и се прашувам зошто не сум шетала гола наоколу по цели денови… Повеќе нема да бидам млада и сакам да го славам она што сум денес”, заклучила таа.

View this post on Instagram

@portermagazine #THEEDIT

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Крафорд ја должи својата витка линија и добрата форма на тренинзите кои ги изведува сама или со помош на личниот тренер Сара Перла. Како што открила, освен кардио тренинзи, вежба и со тегови, а еднаш неделно планинари со пријателките, но води грижа и за исхраната и негата на кожа.