Синот на Берлускони на необичен начин му го честитал “Денот на татковците” на својот татко

605

Најстариот син на поранешниот италијански премиер и шеф на партијата “Форца Италија”, Силвио Берлускони, Пјер-Силвио му го честитал на својот татко “Денот на татковците” со оглас на цела страница на дневниот весник “Corriere Della Sera”.

Во честитката синот порачува како сите ги препознаваат постигнувањата кои Силвио Берлускони ги остварил во животот: во политиката, во фудбалот и во бизнисот, но “јас знам дека си најдобар во занаетот кој е најважен на светот – ти си најдобар татко”, пишува синот во пораката.

Пјер-Силвио е првороден син од првиот брак на Силвио Берлускони со Карла Дал’Олјо, е еден од сопствениците и директор на компанијата “Фининвест” која е дел од семејниот холдинг “Медиасет”.

Пјер-Силвио има 51 година и самиот е татко на три деца.