Синот на Шварценегер го билда своето тело како татко му некогаш

576

Арнолд го доби Џозеф со поранешната домашна помошничка на семејството, Пети Баен. Следуваше скандал и повлекување од медиумите, како и развод на славниот снагатор, но тој не се откажа од својот вонбрачен син.

Синот на Арнолд Шварценегер (72), Џозеф Баен (22), како и татко му, се занимава со бодибилдинг, а фановите на Арнолд не може да се изначудат колку неговиот вонбрачен син личи на својот славен татко, акциската sвезда и поранешен гувернер на Калифорнија.

Шварценегер не знаел дека тоа е неговиот син сè додека Џозеф не наполнил седум години и почнал сè повеќе да личи на својот татко, па Арнолд ги сложил коцките. Имено, тој го добил Џозеф со поранешната домашна помошничка на семејството, Пети Баен.

Баен и поранешната сопруга на Шварценегер, Марија Шривер (64), со која има четири деца, биле бремени во исто време, но набргу се открила целата работа. Шривер поднела барање за развод по што следувал скандал и полнење на страниците на медиумите. Арнолд рекол дека не се гордее со стореното, но дека го сака својот вонбрачен син и тајно плаќал алиментација кога дознал дека Џозеф е негов син.

„Најмалку се гордеам со овој чин што го уништи моето семејство, но ги сакам сите мои деца“, искрено рече тој.

Четирите деца на Арнолд од бракот со Марија Шривер наводно не се во контакт со Џозеф Баен, вонбрачниот син на Шварценегер, но тој ужива да поминува време со својот наследник, кој многу потсетува на младиот Арнолд.