Синот на спортската легенда прошета во екстремно кратко здолниште: „Се сакам себеси таков каков што сум“

1027

Еј Џонсон бил фотографиран во минијатурно здолниште и кратка топ маица, како шета со своите пријатели во Њујорк.

Синот на прославениот американски кошаркар Меџик Џонсон, кој што ова лето уживаше на одмор во Хрватска, 28-годишниот Еј Џонсон, бил снимен во едно од своите „контроверзни“ изданија, додека шета по улиците на Њујорк.

Имено, Еј овие денови прошетал во минијатурно здолниште и бела топ маица, па го открил своето торзо, а целата комбинација ја зачинил со очила за сонце и дизајнерска чанта.

Ова не е првпат младото момче да привлече внимание со својот стил затоа што често можеме да го видиме како носи фустани и здолништа.

„Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен со себе. Секогаш зборував дека доколку некој се чувствува добро во своето тело, треба нешто да преземе во врска со тоа. Чувствувам дека ова е телото во кое што треба да бидам.

Не чувствувам потреба за промена. Сигурен сум во тоа што го сакам. Се чувствувам удобно во својата кожа и си го сакам моето тело“ – изјавил ЕЈ во некое интервју за „E!Neew“.

Тој вели дека сака да си поигрува со модата затоа што токму таа му дозволува да ја покаже својата машка, но и женска страна од која што не се срами.

„Можам да бидам мажествен, но и женствен. Можам да правам што и да посакам и да успеам во тоа. Доколку сакам да носам фустан, тоа и го правам. Но, не сакам да го правам постојано тоа“ – заклучил тој.