Сирија бесна: Американците ја крадат нашата нафта како пирати, досега украдоа 92 милијарди долари

869

Сирискиот министер за нафта, Басам Тума, изјавил дека кризата со гориво во Сирија ја предизвикале Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во регионот.

“Американците и нивните сојузници го крадат сириското нафтено богатство како пирати”, рекол Тума за државната телевизија.

Тој истакнува дека тој чекор има за цел да и наштети на сириската економија, која зависи од нафтените приходи.

“Тоа што се случи во текот на сириската војна не се случило во ниедна земја – не спречуваат да ги користиме нашите природни богатства, а истовремено забрануваат основни добра да пристигнат во нашата земја”, рекол министерот.

Според неговите зборови, поради американската окупација, сирискиот нафтен сектор е оштетен за повеќе од 92 милијарди долари, истовремено потсетувајќи дека Вашингтон контролира 90 проценти од ресурсите на сирова нафта во североисточниот регион.

Гувернерот на североисточната провинција Хасак, Гаса Калил, минатиот месец изјавил дека курдски милитанти, кои се поддржани од САД, секојдневно краделе 140.000 барели сирова нафта од наоѓалиштата во тоа подрачје. Исто така навел дека милитантите користеле танкери за шверц на нафта преку границата во Ирак.

Моментално во Сирија владее криза со гориво. На бензинските станици има километарски редови, а владата ги зголемила цените на бензин и гас.