Сите пари што ги има ги заработила бидејќи се соблекува гола

1045

Сите знаеме дека Ким е синоним за разголени фотографии….Светот подобро ја познава гола, отколку облечена, а всушност така и се прославила Своите милиони и ги должи на храброста често да биде разголена, но изгледа дека не сите воодушевени од таа идеја.

Имено, ако некогаш сте се запрашале како е можно тоа да не му пречи на нејзиниот сопруг, инаку познат како прилично посесивен маж, кој често и одредува како да се облекува, имаме одговор и на тоа….Всушност му пречи.

Ким тоа сега го открила и пред камери. Неодамна истакнала дека сакал да одредува кои фотографии таа ќе ги објави на Инстаграм, а сега признала и дека конкретно му пречат нејзините премногу слободни пози и фотографии.

View this post on Instagram

Chanel vintage, lets please be specific

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

“Понекогаш мислам дека би требало да бидам малку поконзервативна кога објавувам фотографии на социјалните мрежи, бидејќи така сака мојот сопруг, но јас сакам да му покажам на целиот свет колку добро се чувствувам во својата кожа и колку напорно вежбам, иако знам дека тој ќе се изнервира”, рекла 38-годишната Ким на гостувањето кај славната комичарка Елен Деџенерис.

Ваквата состојба на работите не изненадувачка, а всушност јавноста одамна се прашувала како може Канје да не се буни, посебно кога Ким се остварила и во улогата на мајка.

“Таквите фотографии му пречат. Често знам да влезам во проблем поради нив, бидејќи тие прилично го разбеснуваат Канје. Всушност, тоа е 50-50. Од една страна тој сака да биде каква што сум, да се чувствувам самоуверено и притоа добро да се забавувам, но истовремено многу го иритира”, накратко објаснила старлетата.

Признала дека со венчавката за славниот рапер изгубила дел од самостојноста, и дека морала да заборави а таквиот манир кога почнала живот со доминантен маж.

“Кога сте во врска со маж како него, мора да научите да не бидете толку самостојни. Отсекогаш сум била таква, приватно и професионално, но со венчавка со маж со сопствена кариера и три деца, мораш да заборавиш на тоа”, заклучила таа.