Шведската манекенка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед, неодамна уживала на плажа во Мајами каде ги украла погледите во бикини со необичен крој.
Раскошот на своите бујни облини Викторија го истакнала во светлозелено бикини. Оваа убавица е вистинска мамка за погледи каде и да се појави, па дури им мавнала и на фотографите кои ја „уловиле“ како се забавува на плажата.

Силвстед се проби во светот на манекенството уште дамнешната 1993 година кога ја претставуваше Шведска на изборот за Мис на светот. Кратко потоа ја забележал Хју Хефнер, кој ја поканил да позира за Плејбој, за што таа се согласила. Викторија потоа се појави во бројни изданија на овој магазин.
Освен манекенство, таа се занимава и со актерство, а се има појавено во неколку серии. Зад себе има еден брак со Крис Враг, а низ годините ја поврзуваа со бројни мажи помеѓу кои и поранешниот сопруг на Памела Андерсон, Томи Ли.





