Сите полудеа по бурек бургерот: Велат дека е подобар од било кој, а ова се состојките (ФОТО)

1097

Хит на Загреб Бургер фестивалот оваа година беше „Бурек Бургер“, како што самото име кажува тоа е комбинација на хамбургер и бурек.

На идејата дошол Марин Медак, а се состои од говедско месо, пржен лук, тенко сечен компир, јогурт и краставички сложени меѓу два бурека.

Посетителите на фестивалот велат дека е подобар од било кој друг бурек.

Мора да се признае дека вака изгледа вкусно, а сигурно би било убаво да се проба.

Бидејќи доаѓа есен зимницата е неизбежен дел кој се поврзува со неа, а секако со овој специјалитет би одговарала одлично, еве за што станува збор.

Направете вкусни лути пиперчиња за зимата, една од најлесните и евтини зимници.

Ви требаат 250 милилитри оцет и 750 милилитри вода, 1/2 кеси винобран, 1/2 кеси конзерванс, 10 грама бибер во зрна и 1 килограм феферонки.

Се ставаат сите состојки во шерпа и се оставаат да вријат, па по 15 минути се ладат.

Се полеваат феферонките со сокот во тегла. Се чува на ладно и темно место.