Сите полудеа по филмот на Нетфликс во кој имате можност да изберете што ќе се случува со главните ликови!

759

Нетфликс конечно го објави долгоочекуваниот филм Black Mirror Bandersnatch.

Станува збор за интерактивен филм во кој гледачите ќе можат да избираат какви одлуки ќе носат главните ликови и што ќе се случува со нив, а според Дејли Меил постојат милијарди комбинации и дури 5 можни краеви. Зависно од одлуката која ќе ја донесете, филмот трае помеѓу 40 и 90 минути, а ова е првиот интерактивен филм на Нетфликс.

Ја следиме приказната на Стефан кој ќе полуди откако ќе креира видео игра која се базира на фантастичен роман, после што неговата реалност ќе започне да се менува. Првиот избор кој гледачите го имаат е одлуката за тоа што ќе јаде Стефан за доручек, а потоа одлуките стануваат сè покомплицирани.

Филмот моментално на IMDB има оценка 8,4, а на страницата Rotten Tomatoes високи 90 %.