Сите прво во раката ја погледнуваат: Актерката го менува животот од корен, повеќе ништо нема да биде исто

642

Мег Рајан (57) деталите од својата врска со актерот Џон Меленкамп (68), се обидува да ги сокрие од јавноста, но испливале нови детали.

Осум години биле во врска, и покрај тоа што пред четири години ја изневерил, бидејќи таа му простила. Ја продолжиле врската и се вериле, но Џон повторно ја изневерил и Мег одлучила засекогаш да ја заврши оваа приказна.

„Сфати дека навистина ѝ е доста и ја раскина веридбата. Нималку не ѝ е жал, напротив“, вели нејзин пријател.

Да потсетиме, тие двајца почнаа да се забавуваат во 2010-та година, откако Џон се разведе од сопругата. Иако се шушкаше дека Џон е заљубен во Кристи Бринкли, на крајот стапи во врска со Мег.