Ситуацијата во Шпанија е крајно сериозна: Болни пациенти лежат на подот, нема слободни кревети

527

Видео снимките од шпанска болница на кои може да се види како заболените од коронавирус лежат на подовите, кашлаат и се борат за здив треба да бидат отрезнувачки за многумина кои оваа пандемија не ја сфатија сериозно, посебно за оние кои не ги почитуваат мерките на владата.

На снимката може да се видат пациентите легнати на подот и борбата на медицинскиот персонал да им помогнат на сите, без оглед на катастрофалните услови за работа. Најголемиот дел од пациентите покрај себе имаат боца со кислород, а многумина примаат и инфузија. За жал, размерите на епидемијата се толкави што пациентите мора да лежат на подот на болницата Инфанта Леонор во шпанскиот главен град Мадрид.

Со оглед на тоа што сцените се застрашувачки во еден развиен град како Мадрид кој го има еден од најразвиените здравствени системи, лесно може да се процени колку ситуацијата би можела да се влоши ако не се почитуваат препораките и ограничувањата на властите.

Бројот на починати во главниот град на Шпанија порасна на 1,263, а бројот на заразени на 10,575. Во Шпанија вкупниот број на заразени е 33,089 и тоа е најзагрозената европска земја после Италија.