Американската амбасада во Венецуела го повлекла сиот свој преостанат персонал во Каракас, поради, како што е наведено, влошување на ситуацијата во таа земја.
Одлуката за повлекување на американскиот персонал од амбасадата ја објавил американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренела агенцијата “AP”.
“Како што беше случај со одлуката од 24-ти јануари за намалување на персоналот на минимум, и оваа одлука се одразува на се потешката ситуација во Венецуела”, се наведува во пораката на амбасадата.

Заклучено е дека во овие околности присуство на американски дипломатски персонал во Амбасадата претставува попречување за американската политика.
Венецуела западнала во длабока политичка и економска криза. Веќе четири дена земјата е без електрична енергија, поради што се сопрени училишните и деловните активности.

САД настојуваат да го заменат социјалистичкиот лидер Николас Мадуро со опозицискиот лидер Хуан Гваидо, кој бара нови претседателски избори.
Гваидо го поддржуваат околу 50 земји, додека Мадуро ја има поддршката од Кина, Русија и Куба.