Скандал ја тресе Австрија: Жени пријавиле дека војниците ги злоставувале при тестирање за Ковид-19

482

Од Министерството за одбрана соопштиле дека истрагата е во тек.

Скандал ја потресува Австрија откако се појавиле обвиненија дека војници сексуално злоставувале жени при масовно тестирање на коронавирус во градот Грац. Истовремено, поднесени се и пријави дека не се водело сметка за заштита на податоците на граѓаните.

Наводно еден од војниците и рекол на една жена: “Сега ќе ти ставиме стапчиња во двете дупки”.

“Кронен Цајтунг” пишува дека обвиненијата на сметка на војниците се многу сериозни.

“Најмалку две лица пријавија сексуално злоставување од страна на војниците при процесот на тестирање на коронавирус во Грац”, рекол портпаролот на воените сили Михаел Бауер.

Тој рекол дека жените по тестирањето биле контактирани преку Фејсбук.

“Со оглед на тоа дека припадниците на Министерството за одбрана потпишале акт за заштита на податоците, ова претставува злоупотреба на службената положба”, навел Бауер.

Портпаролот рекол дека му е многу жал поради инцидентот и им се извинил на жените кои биле злоставувани.

“Ова е недозволиво однесување. Отворена е истрага”, рекол тој.

Засега не е познато колку жени биле злоставувани ни колку војници се осомничени за злоставувањето, како ни што точно правеле.

Бауер рекол дека една пријава е отфрлена, бидејќи жената на крајот одлучила “се да сфати како шега”.

Властите ги повикале сите граѓани кои сметаат дека на било кој начин биле оштетени да се јават во Министерството преку мејл или во канцеларијата.