На интернет се појавила шокантна снимка која покажува како изгледа иницијација на британски војник во елитната Кралска гарда, каде инаку војска служеле и принцовите Вилијам и Хари.
Голиот војник бил принуден да влезе во буре преполно со коњски измет, бензин и мртви глувци за да го мине конечниот тест за воведување во оваа елитна единица на војската на Велика Британија.
Новопечениот “гуштер” не само што влегол во бурето преполно со фекалии, туку и два пати нурнал во него, додека останатите војници се смееле и дофрлале.
Можело да се види дека војникот се мачи да не поврати.
Потоа еден војник го прскал со студена вода од црево.
Постои сомнение дека се се случило во дворот на касарната Најстбриџ во близина на Хајд парк, во близина на Бакингемската палата и тоа пред коњичката парада.
Сите виновници од овој инцидент се дисциплински казнети и забрането им е да го споделуваат видеото на социјалните мрежи.