На дебатата организирана пред парламентарните избори во Црна Гора, на програмата на државната Радио Телевизија Црна Гора се случи скандалозно промовирање на Голема Албанија.
Во своето завршно обраќање претставникот на коалицијата на албанските партии во Црна Гора, Никола Цамај, ги поздрави гледачите и своите гласачи со поздрав што ја симболизира Голема Албанија.
Претходно, Ник Ѓелошај, носител на листата на албанската коалиција „Генци Ниманбегу – Ник Ѓелошај“, изјави дека очекува најмалку два мандати и убедлива победа на оваа коалиција меѓу албанскиот народ.
Таа коалиција ја сочинуваат Демократскиот форум, Новата демократска сила Форца, граѓанското движење Перспектива и Унијата Тузи.
Досега тоа симболично “летање на орелот” што ја симболизира Голема Албанија најчесто се случуваше на фудбалските натпревари, се сеќаваме на таквиот скандал на Светското првенство во фудбал на натпреварот меѓу Швајцарија и Србија, а сега почнува тоа да станува мода и на телевизиските дебати.
Еве ја фотографијата на која Никола Цамај ги поздравува гледачите на Радио Телевизија Црна Гора со поздрав за Голема Албанија!