Скандал! Заташкани предупредувањата дека “Boeing 737 Max 8” не е безбеден! Пилотите со месеци им се жалеле на властите, тие ги игнорирале

804

Месеци пред несреќата во Етиопија, во која во неделата загинале 157 луѓе, пилотите се жалеле кај американските федерални власти на авионот “Boeing 737 Max 8”.

Жалбите ги поднеле пилоти кои биле на летовите во октомври и ноември 2018-та година и тие биле внесени во федералната база на податоци, пишуваат западните медиуми.

Сите жалби се однесувале на “безбедносниот механизам”, кој е наведен во прелиминарниот истражен извештај за несреќата во Индонезија во октомври. Тие се однесуваат на проблемите со авионите “Max 8”, кој при полетувањето користи автопилот.

Пилотите навеле дека тој авион непосредно по полетувањето одненадеж знаел да се заврти со носот кон земјата.

“Фактот дека овој авион бара многу работа за да биде во летачка состојба е дефинитивно предупредување”, навел еден пилот во жалбата. Несовесно е што федералните власти, заедно со воздухопловните компании продолжуваат да им дозволуваат на пилотите да летаат со авиони, а притоа да не објаснат како MAX 8 се разликуваат од останатите авион, додал пилотот во жалбата.

Во вчерашното соопштение Американската федерална агенција за авијација навела дека во текот на прегледите на авионот не била утврдена причина поради која сите модели би требало да бидат приземени.