Скандалозно однесување на свештеник: Го давел детето во текот на крштевката, мајката сакала да го спаси, а потоа…

890

Инцидентот се случил во текот на викендот во малата црква во Санкт Петербург.

Рускиот православен свештеник предизвикал огорчување на социјалните мрежи откако мајката тврдела дека свештеникот при чинот на крштевање му нанел модрици и за малку ќе го удавел нејзиното дете.

Свештеникот Василиј Нечепоренко познат по црковното име Фотиос е суспендиран на една година по оваа вознемирувачка церемонија.

Инцидентот се случил во текот на викендот. Детето во текот на чинот гласно плачело. Потоа свештеникот повеќе пати се обидувал насилно да го потопи бебето во водата.

Гледајќи ја таа сцена, мајката на бебето трча кон свештеникот и се обидува да си го земе бебето. Свештеникот тоа не ѝ го дозволува и продолжува со ритуалот.

„Свештеникот го опседнал ѓаволот“ – биле само некои од коментарите за оваа сцена, додека пак мајката за медиумите изјавила дека атмосферата била напната од самиот почеток на церемонијата.