СКОПЈАНЕЦ КОЈ ЗАМИНА ВО БЕРОВСКO ЗА ВИКЕНДОВ СО ОДГОВОР ДО СИТЕ ШТО КРИТИКУВААТ ДЕКА ГО НАПУШТАЛЕ ГРАДОТ

1739

Во Македонија главна вест низ медиумите е масовното заминување од Скопје, а пред се поради продолжениот викенд, поточно 80 часовниот карантин. Долгите колони од коли на патарините, но и на излезит од градот се мошне коментирани на социјалните мрежи.

Најчеста дестинација кон која се упатија граѓаните се Охрид, Струга, Дојран, но и планинските места како Маврово, Попова Шапка, Осогово, Малешевијата и така натаму.

Голем број корисници на социјалните мрежи го критикуваат овој потег и сметат дека овој 80 часовен карантин може да биде против продуктивен со оглед на тоа што градот се празни и корона вирусот може да се прошири и на другите места.

До нашата редакција од еден наш читател пристигна порака и не замоли да ја објавиме, а притоа потенцираше дека сака да остане анонимен.

Почитувани, еве пред некој час дојдов во беровско, во викендица на мој пријател со кого фамилијарно решивме да го поминеме овој викенд. Така опуштен, вклучувам телефон и има што да видам, цела почетна со линкови од вести и статуси дека Скопје се празни, огромни гужви.

Јас потолно ве разбирам сите вас што пишувате и критикувате, но така беше и завчера по одлуката на Владата. Едноставно сите сме силни на тестатура, но на дело никако да се покажете.

Па како што знам нема никаква забрана за напуштање на градот, зарем уште тоа ни фалеше да има вакво ограничување. Надлежните доколку сакаа можеа да најдат решение и за тоа.

Да ги затворат излезите од градот како што тоа пред околу еден месец го направи соседна Бугарија, поточно Софија, а сличен потег имаше и во Хрватска каде што и Загреб беше затворен за да нема голем одлив на луѓе на море.

Сакам да ве прашам, што корист имате што не критикувате, верувам секој да имал можност и каде да замине, прв би фатил магла и би збришал. Зарем ни љубоморите нам. Јас само ќе повторам една стих од песна на нашата легенда Тоше кој што пеееше: Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи.