На интернет кружи интересна порака за помош од скопјанец, кој ја бара девојката која му дала марамче за време на концертот на Здравко Чолиќ во саботата во Скопје.
„Ја барам девојката што ми даде влажно марамче на концертот на Здравко Чолиќ. Седеше на 14-ти блок, 11-ред, 5-седиште, со уште 4 другарки и веројатно не беа од Скопје.
Не успеав да и земам Фејсбук, пошто порано си заминаа…
Девојко, ако го читаш ова, пиши ми во инбокс“, напиша тој на Фејсбук.
Ова е несекојдневен оглас на кој наидовме, љубов на прв поглед или нешто друго..Со среќа во потрагата момче!
Во саботата Чола пак направи спектакуларен концерт во Скопје, втор по ред, по само една недела од првиот, во организација на „Прагма продукција“. Ѕвезда и мангуп цел живот, никогаш не е здодевен иако ги знаеме наизуст старите хитови но и новите песни. Прекрасен звук и визуелни ефекти, преубави танчерки на сцена, звездено небо од пенкала-сијалички и мноштво пуштени балони за публиката.
ВИП Арената беше преполна со среќни луѓе, жени, мажи и деца од сите генерации, носталгични по едно убаво време, но и радосни што Чола со новиот албум ни донесе симболично уште „Она малку среќа“.