Во петокот официјално започна продажбата на албумот „Панини“ во нашата држава, а за истиот има особен интерес затоа што на Европското првенство за првпат ќе игра токму македонската репрезентација.
А верувале или не, за овие 4 дена еден скопјанец веќе успеал да го пополни целиот албум. Станува збор за Коста Димовски кој објави фотографии од неговиот пополнет албум на Инстаграм, а колку пари потрошил и дали му останале дупликати од сликичките, никој не знае.
Уште во петокот кога излезе албумот за ЕВРО 2020, веќе имаше редици од луѓе кои чекаа да го купат, а помеѓу нив беше и селекторот Игор Ангеловски кој јавно се заблагодари што доби своја сликичка во него.