Скопјанката Муши Амет Халил девет години плете капи и чорапи за предвремено родените бебиња на ГАК

1422

Предвремено родените бебиња на одделот за Интензивна нега на Клиниката за гинекологија добија нови волнени капчиња и чорапи сплетени од рацете на вредната скопјанка Муши Амет Халил.

Оваа жена девет години по ред им носи подароци на најмалите пациенти на Гинекологија кои се во инкубатор и кои секогаш мора да носат капчиња и чорапчиња бидејќи нивниот систем за термоrерулација не функционира добро.

-Ова е добротворна акција за децата во инкубарот, многу сум среќна, тоа ме исполнува, апелирам до сите кои имаат повеќе време да го направат истото за да им помогнеме на предвремено родените бебиња – вели Муши.

ОИНТ

И благодариме на госпоѓа Муши за трудот и посветеноста за нашите најмали пациенти. 9 години по ред вредно ги плете овие неопходни детали за бебињата.

Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје on Tuesday, January 22, 2019