Скорпиите се премногу љубоморни, Рибите простуваат брзо – Што мрази секој знак кај себеси?

998

Секој од нас има лоши страни и маани за кои е целосно (не)свесен.

 

Според астрологијата овие работи се кристално чисти и јасни. Секој од знаците во зодијакот мрази нешто кај себеси -дознајте што според вашиот хороскопски знак:

Овен – Мразите колку импулсивни сте. Генерално носите лоши одлуки, како пишувањето смс пораки на поранешните партнери доцна во ноќта или порачувањето четврта текила. Следното утро се каете поради своите непромислени постапки.

Бик – Премногу трошите време на патење и страдање. Премногу долго го држите гневот во себе. Потребно ви е многу повеќе време да ги преболите поранешните партнери. Постојано евоцирате спомени од минатото и посакувате да престанете да мислите на вчера и да започнете конечно да се занимавате со иднината.

Близнаци – Најмногу мразите колку ви е тешко да донесете наједноставна одлука. Луѓето ве етикетираат како неодлучни бидејќи постојано го менувате мислењето. Но, ова се случува поради фактот што премногу ги анализирате работите. Секогаш сакате да донесете правилна одлука. Се плашите од лоши одлуки, па постојано го менувате мислењето, а тоа ви оди на живци.

Рак – Зошто сум толку голем емотивец? Ова постојано ви поминува низ главата. Премногу се грижите. Постојано сте на раб на плачење и солзи. Се плашите да влезете во конфликт или пожестока дискусија, затоа што не можете да ги искажете аргументите без да прснете во плач.

Лав – Свесни сте дека другите точно знаат колку умеете да бидете контролно настроени – и тоа ве нервира. Немате намера да се однесувате како некој шеф, меѓутоа сметате дека тоа е потребно со цел квалитетно да се завршат работите уште први првиот обид. Вие сте природно надарен водач и тешко ви е да излезете од оваа улога.

Девица – Го мразите фактот колку тешко ви паѓа да се откажете од контролата. Вашиот живот ќе биде многу полесен доколку им дозволите на другите да ви помогнат, но вие инсистирате да бидете целосно независни и да ги држите сите конци во раце. Сакате сè да биде по ваше.

Вага – Премногу си удоволувате себеси и си наоѓате изговори дека тоа е правилно. Ќе видите нешто што го сакате и мора да го имате во истиот миг – бидејќи вие го заслужувате тоа. Трошите премногу пари на работи кои реално не ви се потребни. Навистина имате голем проблем да го затворите паричникот.

Скорпија – Љубоморни сте и добро го знаете тоа. Ова не се однесува само на луѓето со кои излегувате. Љубоморни сте кога пријателите решиле да излезат без вас и не ве викнале. Се нервирате кога колегите добиваат унапредување, а вие тапкате во место. Љубоморни сте на многу работи, но добро го криете тоа.

Стрелец – Нетрпеливи сте и тоа ве вади од такт. Брзо преминувате од една на друга работа и половично ги завршувате задачите. На крајот испуштате премногу добри можности, само затоа што немате трпение да почекате некоја подобра понуда или ситуација, туку веднаш ја прифаќате првата укажана можност.

Јарец – Се нервирате зошто толку лесно се нервирате. Ова е наједноставниот начин да се опише вашата состојба. Немате премногу толеранција кон луѓето и тешко ви е да се соочувате со нив. Не сакате да се заморувате. Повеќе би сакале да ве остават раат и да си го зачувате душевниот мир.

Водолија – Мразите кога премногу се осамувате и оддалечувате од другите луѓе. И тоа најчесто го правите со луѓето кои знаете дека се грижат за вас и ве сакаат. На крајот успевате да си ги уништите пријателствата и да ги саботирате добрите врски коишто долго сте ги граделе, преправајќи се дека не ви е јасно како се случило тоа.

Риби – Простувате брзо и лесно и тоа е она што најмногу ве нервира кај себе. Секогаш го гледате најдоброто кај луѓето, ги прифаќате нивните маани и примате извинувања дури и кога не го заслужуваат тоа. Им дозволувате на токсичните луѓе да го управуваат вашиот живот, бидејќи не умеете да им кажете збогум.