Скриена камера: Пандев го насамарија дека Џенова го продала во Индија (ВИДЕО)

685

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше „жртва“ на урнебесна скриена камера на италијанската телевизија Медиасет, местенка во која учествувале и капитенот на Џенова, Доменико Кришито и агентот на нашиот репрезентативец, Леонардо Корси.

При едно дружење по кафулиња и ресторани, во еден момент Корси му се јавува на Пандев со лоша вест, а тоа е дека управата на неговиот клуб решила да го продаде во – Индија. Македонецот во прв момент мислеше дека е шега, но кога агентот продолжи упорно да му објаснува детали за овој трансфер, заедно со тоа дека името на клубот е Ченаијин.

За мајтапот да биде поцелосен, Корси на Пандев му ја кажал и сумата која треба да ја заработи и тоа 72 милиони евра за три сезони со бонус од 10 милиони евра ако се оствари одреден посакуван резултат. Дури тогаш македонскиот фудбалер почнува да се препотува и да помислува дека работата е сериозна, па почнува да коментира со присутните соиграчи.

„Ма како Ченаијин, каква Индија. Попрво ќе си пукам во уста“, беше една од реакциите на нашиот фудбалер.

Приказната да биде поинтересна, веста за заминувањето на Пандев во индискиот тим, како веднаш да се проширила меѓу тифозите на Џенова, кои веднаш излегуваат на протести, па дури и имаат транспарент на кој пишува: Пандев предавник!. Тие скандираат пред куќата во која се наоѓа репрезентативецот на Македонија, по што тој мора да излезе надвор и да се објасни со тифозите. Дури по извесно време, на сцена стапува водителот на шоуто „Скриена камера“ за да објасни дека сето ова е всушност шега.

Видеото од целото шоу со Горан Пандев може да го погледнете на следниот линк.