Скриениот „џокер“ на Ким: Северна Кореја располага со ново супер оружје?

732

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го надгледувал тестирањето на новоразвиеното, високотехнолошко стратешко оружје, објавија севернокорејските медиуми, пренесува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Севернокорејската државна телевизија, без наведување на детали, објавила дека оружјето чие што тестирање лично го надгледувал Ким било „истражувано и разработувано подолго време“, а тестирањата биле успешни.

Американските аналитичари пред неколку дена соопштија дека лоцирале повеќе од половина од околу 20 тајни севернокорејски постројки за развој на ракети.

Тоа укажува на предизвиците со кои што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се соочува кога станува збор за придржувањето на Северна Кореја на било каков евентуален договор за ставање на крај на нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Откритието, кое што е објавено во периодот кога преговорите помеѓу америкканската администрација и Северна Кореја се во застој, се засноваат на сателитски снимки.

Наводно биле идентификувани 13 тајни постројки кои што се користеле за производство на ракети и слична технологија.