Славчо Попоски со најнови анализи, доаѓа невообичаено топол бран во државава

961

До крајот на денов ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, времето ќе биде претежно сончево и свежо.

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со умерен ветер од југоисточен правец. Утрсинската температура че се спушти до 2два степени, а дневната ќе достигне 20 Целзиусови степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд.

Во недела доцна попладне и навчер особено на југоисток ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе започне да дува јужен и југозападен ветер кој ќе засилува на интензитет.

НАПОМЕНА: Температурите во текот на следните денови ќе бидат дури за околу 10тина степени повисоки од нормалните.