Глумецот Двејн Џонсон, кој е вториот најплатен глумец на светот е татко на три девојчиња, а овој пат ја покажа својата понежна страна. Тој на една од своите ќерки ѝ дозволи нешто што не секој татко би го дозволил.
Имено, само неколку месеци откако на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека ја храни сопругата додека таа ја дои нивната ќерка Тијана Џија, овој глумец сега со фановите сподели фотографија на која се гледа дека неговата ќерка му ги лакира ноктите.
Во описот на фотографијата, глумецот го пренесе нивниот разговор.
“Дојди бебе, бакни го тато, морам да одам на работа”, напиша Двејн и додаде дека малата Јасмин тогаш му рекла дека треба да му ги налакира ноктите.
Иако тој ѝ објаснил дека мора да оди на работа, Јасмин инсистирала и тогаш морал да се согласи.
“Апсолутно си во право. На тато навистина му е потребен маникир”, напиша Двејн.