Славните Емили Ратајковски, Кендал Џенер, Бела Хадид и многу други наскоро ќе се најдат на суд поради Инстаграм

809

Кендал Џенер, Емили Ратајковски, Бела Хадид и други познати убавици би можеле да се најдат на суд поради објава на Инстаграм.

“Постројувањето” на манекенките е последица на истрага на една од најголемите измами во историјата на музичките настани, фестивалот Fyre. 

Манекенките биле платени да го рекламираат тој фестивал, и тоа според договор, а само една од нив означила дека станува збор за платена реклама. Инаку, сите биле обврзани јасно да го означат тоа во склад на американскиот федерален закон. На суд ќе бидат повикани Кендал Џенер, Емили Ратајковски, Бела Хадид, Шанел Иман, Хејли Бибер и други.

Пред две години, организаторот Бил Мекфарланд ги измами инвеститорите за околу 26 милиони долари, ветувајќи организација “каква што светот досега не видел”. Ги измамиле и купувачите на карти, кои плаќале до 12.000 долари по влезница за луксузно сместување на далечен остров, за таму да бидат пречекани од шатори, сендвичи и ниту еден од ветените музичари.

Манекенките вкупно добиле 5,3 милиони долари, а сега ќе мора да објаснат како ги примиле тие пари, како и зошто не го испочитувале федералниот закон и своите објави ги означиле како платени реклами.

Мекфарланд во меѓувреме е осуден на шест години затвор, а овој случај покрена интересирање кај два документарни филмови.