Повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство се очекуваат денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје да ја проследат историската посета на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на Република Македонија.
Тој веќе оствари средба со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кога двајцата одржаа и свои говори.
Потоа се поклони пред споменикот на Мајка Тереза.
Сите детали од оваа средба, во живо, можете да ги проследите на линкот во продолжение: