Следната среда е неработен ден

1140

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 25 декември, среда, првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.