Слика на окото открива Ковид-19: Апликација ги идентификува заразените за помалку од три минути

893

Германската компанија „Семик РФ“ изрази надеж дека со својот производ, кој користи скенирање на очите за да ги идентификува заразените со корона вирус за само три минути, ќе внесе нов поттик во борбата против пандемијата.

Компанијата „Семик РФ“, чие седиште е во Минхен, ја разви апликацијата со свои колеги од САД и чека одобрување од регулаторните организации.

Директорот на компанијата, Волфганг Грубер изрази надеж дека апликацијата ќе започне да се користи до крајот на следниот месец.

Апликацијата користи фотографија од окото направена од камера на паметен телефон, а вирусот се идентификува со симптоматско воспаление наречено „розово око“.

„Успеавме да изолираме 19 од два милиони различни розови нијанси“, рече Грубер.

Според него, апликацијата е тестирана на повеќе од 70.000 луѓе и може да обработи милиони скенирани податоци во секунда, така што постои можност за проширување на капацитетот, што потенцијално може да овозможи враќање на масовната посетеност на настани како што се концерти и фудбалски натпревари.

Тој посочи дека со помош на апликацијата се сликаат двете очи, снимките се испраќаат на проценка, додека резултатот е зачуван како „cu-ar“ код на смартфонот на корисникот.

Апликацијата првично беше планирана за компании и комерцијални корисници по цена од 480 евра месечно, а подоцна беше планирана и за физички лица.