Вакцината ја развиваат Американците, Англичаните, Русите и секоја земја што воопшто држи и се грижи за угледот на својата наука. Но малата држава Словенија, како што пишуваат тамошните медиуми, отишла подалеку од многу од тие држави.
Словенечките научници, предводени од светски познатиот синтетички биолог д-р. Роман Јерала, успешно ги вакцинираат глувците против корона, а во тек се клинички испитувања. Тие се свесни дека немаат шанси да ги претекнат фармацевтските суперсили, ниту, пак вели др. Јерала, тоа е нивната цел.
Вакцината која е развиена и тестирана врз глувци, генерираше висок имунолошки одговор, а антителата го неутрализираа врзувањето на вирусот до степен кој е споредлив со другите вакцини и антитела кај пациенти кои ја преживеале инфекцијата, вели др. Јерала.
Тоа значи дека словенечката вакцина е еднаква на светската. Иако засега, само во тестирањето на глувци. Така, ќе изгледа и ќе остане, барем што се однесува до короната, бидејќи после оваа, почетната фаза, вакцината треба опширно да се тестира на луѓе. Дури ниту д-р. Јерала не е сигурен дека тоа ќе се случи.
Неговата професија е биохемичар и синтетички биолог. Во научниот свет, тој е меѓународно познат како предводник на словенечките тимови кои неколку пати ја освоиле главната награда на меѓународниот натпревар по синтетичка биологија на престижниот американски универзитет МИТ.
Дали знаете како функциониеа вакцината, прашува тој?
Значи, ние ги инјектираме протеините на вирусот во телото, нашето тело чувствува нешто туѓо, опасно и почнува да се брани. Да се произведат антитела и клетки кои ги препознаваат клетките заразени со вирусот, за да можат да ги убијат. Значи, нашето тело е подготвено. Вакцината, затоа, складира клетки кои произведуваат антитела против вирусот, па кога ќе се појави инфекција, антителата се врзуваат за вирусот, го неутрализираат и спречуваат да се поврзе со човечките клетки. Тоа и ние го правиме со нашата вакцина, вели доктор Јерал.
Треба да вакцинираат два пати во рок од четири недели. Второто вакцинирање е т.н. “засилувач“ за подобрување на имунитетот. По еден месец, глувците развиле антитела.
Сега е време за клинички испитувања. Но тоа се многу пари, вели тој.
Не е ефтино. Третата фаза, фаза во која има девет вакцини, бара тестирање на 10.000 лица, за што Словенија е премала. Вакцините, патем, се тестираат мултицентрично, не само дома. Јасно е дека треба да се тестира и во жариштето на вируси.
Покрај деветте вакцини во третата фаза: САД, Кина, Русија, Велика Британија, Австралија, Италија, уште 180 се во една од пониските фази на клиничкото испитување. Д-р Роман Јерала нема да рече дека словенечката вакцина е најдобра, но дека е таа поинаква од другите.