Словенка почина по вакцинацијата против коронавирус

549

Штитеничка на дом за стари лица во Словенија почина откако беше вакцинирана со вакцината Фајзер-БиоНТех против ковид-19, но нејзината смрт нема никаква врска со вакцинацијата, бидејќи таа страдаше и од други придружни болести, објавија во понеделникот словенечките медиуми.

Како што објави Телевизија Словенија, случајот бил пријавен кај здравствените власти, но засега не се познати поконкретни информации за тоа.

Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) соопшти дека досега има добиено само еден извештај за несакани ефекти по вакцинирањето и еден смртен случај што „коинцидира со вакцинацијата“, а за тоа го извести Министерството за здравство.

Министерството ќе ја свика комисија за вакцинација за детално проучување на случајот и утврдување дали има „каква било врска“ помеѓу вакцинацијата и смртта, а за што потоа јавноста ќе биде информирана.

Словенечките медиуми наведуваат дека починатата штитеничка на домот за стари лица имала и други поврзани болести и дека вакцинацијата веројатно нема да има никаква врска со смртта.

Податоците за несаканите ефекти од вакцинацијата се собираат од Институтот за јавно здравје. Секој несакано случување поврзано со вакцинацијата се анализира за да се утврди дали има врска со тоа, им рече на новинарите државниот секретар на Министерството за здравство, Марија Магајне , пред да ги коментира неофицијалните информации за смртта на штитеничката на старскиот дом, откако веста се прошири на социјалните мрежи.

Како што изјави за Телевизија Словенија, Роман Jерала од Институтот за хемија во Љубљана, досега се регистрирани два смртни случаи во светот по вакцинирањето со вакцината Фајзер, која што се користи во Словенија за вакцинација на населението, и двета случаи се поврзани со други придружни болести кај умрените по вакцинирањето

Тој истакна дека ниту еден од овие два случаи не е директно поврзан со самата вакцинација.