Поради пандемијата коронавирус, многу од учениците сега наставата ја слушаат по пат на видеоповици и најчесто преку апликацијата „Zoom“.
Момчето Тајвион, засекогаш ќе жали поради тоа што неговото училиште одлучило некои од предметите кои што ги учи да ги слуша онлајн.
Момчето, додека ја слушало наставата во својата соба и имало вклучено камера, во просторијата одненадеш прошетала неговата мајка – и тоа целосно гола.
Во видеото кое што трае 14 секунди, а кое што многу брзо се проширило на интернет, може да се види како момчето покажува со раката зад себе, а потоа во кадар се појавува неговата мајка која што бара нешто.
Abolish zoom classes man 😭😭😭 pic.twitter.com/Tpw5RBJiTV
— Young Simba (@Mufaa6) October 4, 2020
Кога сфатила што се случува, наставничката почнала да му вика на момчето да ја исклучи камерата, а мајката веднаш истрчала од собата.
Видеото на социјалната мрежа Твитер било прегледано над 5.5 милиони пати, а се појавиле и многубројни коментари кои што биле урнебесни.
„Тоа што најмногу ме насмеа е изразот на лицето на детето“ – напишал некој корисник.
„Не можам да престанам да се смеам“ – додал некој друг.
Nah IM DYING AT HIS FACE pic.twitter.com/iq8fTEiSt3
— Young Simba (@Mufaa6) October 4, 2020
Сепак, некои од коментарите биле нaменети за тоа дека оваа сцена не е примерна за децата:
„Престар е за таа да шета гола пред него“ – се истакнувало во некој коментар.
„Ова не е нормално“ – се согласил некој друг корисник.