Слушнете како звучи „Со маки сум се родила“ во изведба на Каролина во Њујорк

1284

Каролина Гочева, во придружба на Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, во продавница за пијано на Менхетен во Њујорк, ја испеа песната „Со маки сум се родила“.

Видеото го сподели Бојаџиев на неговиот Фејсбук профил.

Деновиве пејачката беше на самостојната изложба во Њујорк на нејзиниот сопруг, младиот уметник Михаил Корубин, Каролина слободното време го искористи да се дружи со своите колеги, нашинци кои живеат во САД, како и останатите пријатели и познаниници.

Слободното време во САД македонсото девојче го минува на различни начини. Вечерните часови се погодни за излегување и заедничка вечера со некои од веќе споменатите пријатели и ностекнати познаници.

Деновите во овој период од годишното доба во Њујорк се како создадени за прошетка.

Посетата на музеите е уште една можност да се спои убавото со коросното. Човек ем да прошета, да види да научи.

Онака неформално, опуштено, без шминка, но со широка насмевка и добро расположение за уште подобра дружба.