Смислил генијален трик како да ги одмрзне стаклата на автомобилот без да му смрзнат рацете при чистењето

892

Една од најмачните работи во текот на зимата знае да биде напорното стругање на мразот од ветробранското стакло.

Најдобро нешто што можете да направите е да го спречите замрзнувањето, но доколку сте задоцниле со тоа, можеби ќе ви помогне трикот на овој маж кој ги воодушеви бројните корисници на социјалните мрежи. 

Имено, Даниел Харис се досетил стругалката за мраз да ја замени со ќеса врела вода.

“Врела вода во ќеса за храна и добивате средство за отстранување на мразот и за греење на рацете. Користев врела вода од чешма за да можам да ја држам без да се изгорам и да ја намалам можноста од пукање на стаклото. Знам како ви изгледа ова, но пробајте, нема да се разочарате”, напишал Харис под видеото кое го прегледале речиси два милиони луѓе.