Смрт на емисија во живо: Му кажала на водителот дека сака да почине додека работи, замолчела и набрзо издишала за последен пат

1035

Рита Јитендра, позната индиска професорка, писателка и уметница, ја шокирала нацијата кога ненадејно починала на утринска програма која се емитувала во живо на телевизија во Сринагар.

Професорката Јитендра разговарала со водителот Захид Муктар за својот живот и кариера, а во разговорот напоменала дека сака да почине додека работи, како што е случај со поранешниот претседател А. П. Ј. Абдул Калам.

“Раскажуваше некои интересни работи од својот живот и изгледаше потполно нормално, но одненадеж замолче и започна да ика. Моравме да го прекинеме разговорот и да пуштиме ТВ прилог за да ѝ помогнеме”, раскажал подоцна Муктар за индискиот Телеграф.

Професорката била веднаш пренесена во болница, каде лекарите констатирале смрт.

“Рита починала поради ненадеен застој во работата на срцето”, изјавил еден од лекарите.

“Таа раскажувала дека д-р Калам починал додека работел и самата замина од овој свет на истиот начин. Го издишала последниот здив во студиото”, изјавила Хафиза Музафар која го организирала престојот на професорката Јитендра во Сринагар.