Снег во Словенија и Италија, невреме во Хрватска (ВИДЕО)

1189

Силен бран од северозападниот дел на континентот му донесе на алпското подрачје неочекуван скок од лето во зима.

Во италијанското туристичко место за скијање Алта Бадиа паднаа 30 сантиметри свеж и влажен снег. Местото се наоѓа на надморска височина од 1324 до 2250 метри, пишува „Истрамет“.

Снег падна и на словенска Кредарица, според податоците, во 9 часот утрово била измерена температура од -3 степени, а биле измерени и 3 сантиметри снежна покривка. Во последните 12 часа паднале 63 милиметри снежни наноси, пренесе „Индекс“.

И во Хрватска има нагли промени во температурите. Во поголем дел од земјата има обилни врнежи од дожд. Во текот на ноќта Хрватска ја зафати силно невреме, а најлошо беше во Истра. Во раните утрински часови силно невреме го погоди јужниот дел на Јадранот. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале над 40 литри дожд, што доведе до поплави во градот.

Проблеми имаше и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул беа пренасочени на други аеродроми.