Снимен огромен астероид на кој NASA предупреди во 1998 година – за 4 дена ќе помине покрај Земјата, а ова е неговата потенцијална опасност

946

Астероид со големина колку половина Монт Еверест ќе помине покрај Земјата наредната седмица, а астрономите успеале да го фотографираат.

Опсерваторијата во Порторико, објавила снимка направена со радар од астероидот на кој NASA предупреди во 1998-та година, OR2, кој што ќе помине покрај Земјата на 29-ти април, на оддалеченост од околу 6 милиони километри.

„Нашиот тим носи маски и ги почитува превентивните мерки во време на пандемијата коронавирус. Оваа седмица го набљудувавме астероидот кој ѝ се приближува на Земјата, а тој изгледа како да носи маска“ – напишале од тимот „TeamRadar and the NAIC Observatory“.

Овој астероид го открила NASA во 1998-та година, која што тогаш соопштила дека е доволно голем што може да предизвика глобални ефекти доколку ја погоди Земјата, но сегашните набљудувања покажуваат дека веројатноста да се случи тоа е многу мала.

Астрономите велат дека астероидот е доволно голем што може да претставува закана по целиот човечки род, но исто така тие нагласуваат дека нема простор за паника затоа што покрај Земјата истиот ќе помине на голема оддалеченост.

Европската вселенска агенција минатата година предупреди дека 878 астероиди во наредните 100 години ќе ја погодат планетата Земја.