Снимката од која ќе ви полазат морници, снимена во една британска болница во некогашното психијатриско крило, ги исплашила граѓаните на Бедфордшајр.
Имено, станува збор за снимка од болничка дрвена врата која сама се отвора и затвора како на сцена од хорор филм. Очигледно е дека не станува збор за провев бидејќи вратата најпрво се ниша, а потоа нагло се затвора и отвора.
NHS worker films 'paranormal activity' inside eerie abandoned hospital winghttps://t.co/39B1QmO0XY pic.twitter.com/IYsfE4SzIN
— Daily Mirror (@DailyMirror) May 30, 2019
Сè започнало кога болничкарката Хана Саутерн забележала сомнителна фигура на прозорецот во болницата во Бедфордшајр.
Хана која била дежурна, решила заедно со својата колешка да истражи што се случува во тоа крило од болницата. Додека им се приближувала на скалите кои воделе до крилото на некогашниот психијатриски оддел, вратата почнала самата да се отвора и затвора без нечие видливо учество во тоа. Сцената траела уште неколку минути додека Хана стоела во ќошот и ја снимала ваквата несекојдневна појава со телефон.
Според извештајот од Националната здравствена служба од 2017 година, ова крило од болницата е прогласено за неадекватно за пружање на здравствени услуги за ментално здравје.