Снимка со дрон ги открива размерите на катастрофата: Срушени се цели населби, спасувачите во трка со времето

865

Разурнати згради и куќи, уништени автомобили, паника и хаос – такви беа сцените во неколку градови во соседна Албанија утринава после 4 часот.

Најкритично е во Туман и Драч каде што има многу разурнати куќи и згради. Во Драч се срушила цела петкатница, а како што соопштија тамошните спасувачки служби, најмалку 23 лица се извлечени од рушевините.

Спасувачките екипи се во трка со времето и интензивно пребаруваат низ урнатините, а колку е ситуацијата критична покажуваат и снимките направени со дрон.

Да потсетиме, билансот на жртви се искачи на 14, а над 400 лица се повредени.