Снимката од горили кои бегаат од дождот стана хит на социјалните мрежи: “Исти се како луѓето”

4106

Доста ви е од дождот? Не сте единствени. Ниту на овие горили не им се допаѓа врнежливото време, а начинот на кој бегале од дождот стана вирален на социјалните мрежи.

На снимката од зоолошката градина Ривербенкс во Јужна Каролина се гледаат примати со бебиња кои се засолнети под една стреа. Потоа, една од горилите ѕирка да ја провери состојбата, а набрзо сите исчезнуваат од кадарот.

Начинот на кој го направиле тоа, наслонувајќи се на ѕид, изненади многумина. Видеото од ваквата “човечка реакција”, како што ја опишале корисниците на социјалните мрежи, станало хит кој собрал милиони прегледи. Еве и зошто: