Со двојно државјанство, лица од Македонија се вакцинираат во Србија

678

Додека имунизацијата кај нас се очекува да започне, во Србија веќе се вакцинирани половина милион граѓани. Во интевју за Сител, вчера беше откриено дека македонски државјани може да примат вакцина во Србија само по еден услов, да имаат македоснко-српско државјанство.

Со вакцинирани половина милион граѓани, Србија е на второ место во Европа.

Вакцинацијата продолжува на повеќе од 400 пунктови, а од денеска на Белградски саем ќе може да се прими и „Фајзер-Бионтековата“ вакцина.

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за јавниот сервис АРД, кое беше посветено на вакцинирање против коронавирусот, ја спомена Србија.

„Србија вакцинира побргу со кинеската вакцина. Отсекогаш сме велеле дека секоја вакцина што е лиценцирана од Европската агенција за лекови (ЕМА) е добредојдена. Разговарав со рускиот претседател за тоа и денес слушнав добри вести за руската вакцина. Секоја вакцина е добредојдена во ЕУ, но ќе бидат прифатени само оние што ги даваат сите потребни податоци на ЕМА“, рече Меркел.

Д-р. Ненад Лазаров реагира на тоа што министерот за здравство, Венко Филипче, уште пред три недели ја одби понудата на српската премиерка, Ана Брнабиќ, здравствените работници да се вакцинираат во Србија.

Македонија ќе добие помеѓу 103.000 и 175.000 од вакцината на Астра Зенека од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

„Од КОВАКС информираат дека во првиот бран на достава на вакцината Pfizer се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19. Од КОВАКС механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на Pfizer вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот“ – велат од Министерство за здравство.

Според планот на здравствените власти – постарите возрасни лица кои имаат висок ризик да развијат болест и компликации со смртен исход се меѓу првите кои ќе подлежат на вакцинација заедно со здравствените работници кои кои работат во КОВИД центрите и се најризични за да добијат инфекција.