Со измени на Законот за празници уште 10 НЕРАБОТНИ денови

780

о предлог-законот за измени на Законот за празниците на Република Македонија се воведуваат уште 10 нови празници. Денеска предлог-законот ќе се разгледува на собраниската Комисија за политички систем.

Неработни денови за припадниците на словенечката заедница, унгарската заедница, полската заедница, египќанската заедница, хрватската заедница, црногорската заедница, ерменската заедница, бугарската, заедница грчката заедница и руската заедница, се прогласуваат деновите:

– 8 февруари, празник за припадниците на словенечката заедница;

– 15 март, празник за припадниците на унгарската заедница;

–   3 мај, празник за припадниците на полската заедница;

–  24 јуни, празник за припадниците на египќанската заедница;

– 25 јуни, празник за припадниците на хрватската заедница;

– 13 јули, празник за припадниците на црногорската заедница;

Прочитајте и…  Мусави: Иран не сака да војува со ниту една земја

– 21 септември, празник за припадниците на ерменската заедница;

–  22 септември, празник за припадниците на бугарската заедница;

– 28 октомври, празник за припадниците на грчката заедница; “.

–  4 ноември, празник за припадниците на руската заедница

Со предлогот на закон се врши изменување на насловот и одредбите од членовите 1, 2 и 6 на овој Закон, се со цел да се усогласи Законот со измените на Уставот за промена на уставно име од Република Македонија во Република Северна Македонија.